Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Иван Гарванов

Бугарин по националност, роден е на 23 декеври 1869 година во Стара Загора. Завршува физика и математика во Софија и после специјализацијата во Виена, во 1904 год. станува учител во Солунската егзархиска машка гимназија. Во 1896 година, Даме Груев го зачленил во ТМОРО. Под влијание на Егзархијата, во почетокот е противник на вооружената борба во Македонија, и во тој период ја формира организацијата „Братство“, која била под целосно влијание на Егзархијата, но подоцна ја напушта и се активира во ТМОРО.

Во 1901 година станал член на ЦК, а потоа и негов претседател. Во отсуство на повеќе врвни раководители, на 1.2.3 јануари 1903 година во Солун свикал конгрес. Во присуство на 17 делегати, Солунскиот конгрес одличил пролетта 1903 година да се крене општонародно востание.

На Рилскиот конгрес на ТМОРО (октомври 1905), бил условно осуден на смртна казна. На 23 ноември 1907 година во Софија, заедно со Б. Сарафов, бил убиен од Тодор Паница.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik